сјај
Само во еднина.
Значење на сјај:
1. Силна, заслепителна светлост што сјае или се одбива од нешто, блесок. Месечев сјај. Метален сјај. Сјајот на електричната светлина го заслепуваше. Сончев сјај.
2. За боја ‒ јасност. Сјајот на боите.
3. (прен.) Израз на славење, одраз на среќа, на задоволство, на силни емоции. Сјајот во нејзините очи.
4. (прен.) Јасно пројавување на некои достоинства, атрибути. Во претставата дојде до израз сјајот на неговиот талент.
5. Раскош, богатство. Сјајот на златото.
Оригинални податоци:
сјај (само едн.) м. 1. Силна, заслепителна светлост што сјае или се одбива од нешто, блесок. Месечев сјај. Метален сјај. Сјајот на електричната светлина го заслепуваше. Сончев сјај. 2. За боја ‒ јасност. Сјајот на боите. 3. (прен.) Израз на славење, одраз на среќа, на задоволство, на силни емоции. Сјајот во нејзините очи. 4. (прен.) Јасно пројавување на некои достоинства, атрибути. Во претставата дојде до израз сјајот на неговиот талент. 5. Раскош, богатство. Сјајот на златото.