скала 1

Именка, женски род

Значење на скала:

1. а) Преносна направа од дрво или метал направена од две паралелни долги гредички поврзани со попречни пречки по кои се гази, за качување и слегување. Се поткачи на скалата да ја дофати книгата. Премести ја скалата да ја наместам завесата. б) Секоја од попречните пречки по кои се гази; скалило.

2. а) (обично во мн.) Неподвижна направа, изграден објект од бетон, дрво, метал и сл. за поврзување на два и повеќе ката, за симнување и качување. Под скалата има место колку човек да се скрие. Куќата беше со надворешни скали. б) Секоја од попречните плочи по кои се гази; скалило. Детето седеше на најниската скала.

3. Направа за качување и слегување на колективно превозно средство: автобус, воз, авион др. Се фати за скалата на последниот вагон.

4. Плетена направа од јажиња и дрвени пречки за качување и симнување обично за големи височини, летечки објекти и сл., која најчесто служи за спасување. Од хеликоптерот им пуштија скала на планинарите заробени на карпата. Акробатот вешто се искачи по скалата сплетена од јажиња.

5. Направа со подвижна лента за симнување или за качување; елеватор.

6. Вредности, појави, величини поставени во низа што се качува нагоре или се симнува надолу, поставена по некој хронолошки ред, во серија и сл. Скала на општествени вредности. Социјална скала. Скала на тврдост на минералите. Музичка скала.

7. Линија на која се нанесени соодветни вредности по систем на градација, поставена на некои апарати и инструменти (термометар, радио, барометар и сл.). Скалата на термометар. Скала на апарат за мерење крвен притисок.

Множина: скали.

Изведени зборови:

  • скале, и. ж. мн. скалиња, скаличе, мн. скаличиња ср.; скаличка, мн. скалички дем. кон зн. 1, 2, 3 и 4.

Фразеолошки израз / поговорка:

Веков е скала ‒ нештата се менуваат.

Оригинални податоци:

скала1, мн. скали ж. 1. а) Преносна направа од дрво или метал направена од две паралелни долги гредички поврзани со попречни пречки по кои се гази, за качување и слегување. Се поткачи на скалата да ја дофати книгата. Премести ја скалата да ја наместам завесата. б) Секоја од попречните пречки по кои се гази; скалило. 2. а) (обично во мн.) Неподвижна направа, изграден објект од бетон, дрво, метал и сл. за поврзување на два и повеќе ката, за симнување и качување. Под скалата има место колку човек да се скрие. Куќата беше со надворешни скали. б) Секоја од попречните плочи по кои се гази; скалило. Детето седеше на најниската скала. 3. Направа за качување и слегување на колективно превозно средство: автобус, воз, авион др. Се фати за скалата на последниот вагон. 4. Плетена направа од јажиња и дрвени пречки за качување и симнување обично за големи височини, летечки објекти и сл., која најчесто служи за спасување. Од хеликоптерот им пуштија скала на планинарите заробени на карпата. Акробатот вешто се искачи по скалата сплетена од јажиња. 5. Направа со подвижна лента за симнување или за качување; елеватор. 6. Вредности, појави, величини поставени во низа што се качува нагоре или се симнува надолу, поставена по некој хронолошки ред, во серија и сл. Скала на општествени вредности. Социјална скала. Скала на тврдост на минералите. Музичка скала. 7. Линија на која се нанесени соодветни вредности по систем на градација, поставена на некои апарати и инструменти (термометар, радио, барометар и сл.). Скалата на термометар. Скала на апарат за мерење крвен притисок. ◊ Веков е скала ‒ нештата се менуваат. ‖ скале, мн. скалиња, скаличе, мн. скаличиња ср.; скаличка, мн. скалички ж. дем. кон зн. 1, 2, 3 и 4.