скалило

Именка, среден род

Значење на скалило:

1. Дел од скала1 на кој се гази. Искачи две-три скалила и седна да се одмори. Се качи на првото скалило. Мраморни скалила.

2. Степен на развиток, ниво, градација. Се наоѓа на ниско скалило на развитокот. Се наоѓа на пониско скалило на општествената скала.

Множина: скалила.

Изведени зборови:

  • скалилце, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

скалило, мн. скалила ср. 1. Дел од скала1 на кој се гази. Искачи две-три скалила и седна да се одмори. Се качи на првото скалило. Мраморни скалила. 2. Степен на развиток, ниво, градација. Се наоѓа на ниско скалило на развитокот. Се наоѓа на пониско скалило на општествената скала. ‖ скалилце, мн. скалилца ср. дем.