скап

Придавка

Значење на скап:

1. Што чини многу пари, скапоцен; евтин. Скап прстен. Скапи чевли. Скапа свила.

2. Што ги продава своите производи по високи цени. Тој е многу скап, не пазарам кај него.

3. Место (продавница, ресторан, град итн.) на скапи стоки или услуги. Скап ресторан. Престолнините спаѓаат меѓу најскапите градови. Таму пазарот е поскап од овој овде.

4. Што има голема вредност, што чини многу пари. Тој проект е многу скап. Операцијата на срце е многу скапа. Времето ни е многу скапо.

5. (книж.) Сакан, многу близок. Скап пријател. Скапи гости. Скапи спомени.

Членувана форма: скапиот.

Изведени зборови:

  • скапо, прил. Купува евтино, продава скапо. Плати скапо за прстенот. Скапо ја плати својата непромисленост. ◊ Кој не го знае, скапо ќе го плати ‒ се вели за некој што се претставува како подобар отколку што навистина е. Скапо ја продаде својата кожа ‒ се бори со сите сили за својот живот. Скапо плати нешто (на пр. нечија постапка) ‒ настрада заради нешто.
  • скапост, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Скапи му се зборовите ‒ малку зборува. Скапи пари ‒ многу пари што тешко се заработуваат.

Оригинални податоци:

скап, скапиот прид. 1. Што чини многу пари, скапоцен; спрот. евтин. Скап прстен. Скапи чевли. Скапа свила. 2. Што ги продава своите производи по високи цени. Тој е многу скап, не пазарам кај него. 3. Место (продавница, ресторан, град итн.) на скапи стоки или услуги. Скап ресторан. Престолнините спаѓаат меѓу најскапите градови. Таму пазарот е поскап од овој овде. 4. Што има голема вредност, што чини многу пари. Тој проект е многу скап. Операцијата на срце е многу скапа. Времето ни е многу скапо. 5. (книж.) Сакан, многу близок. Скап пријател. Скапи гости. Скапи спомени. ◊ Скапи му се зборовите ‒ малку зборува. Скапи пари ‒ многу пари што тешко се заработуваат. ‖ скапо прил. Купува евтино, продава скапо. Плати скапо за прстенот. Скапо ја плати својата непромисленост. ◊ Кој не го знае, скапо ќе го плати ‒ се вели за некој што се претставува како подобар отколку што навистина е. Скапо ја продаде својата кожа ‒ се бори со сите сили за својот живот. Скапо плати нешто (на пр. нечија постапка) ‒ настрада заради нешто. ‖ скапост ж.