скапе (се)
Значење на скапе (се):
1. а) Се разложи, се распадне поради гниење; изгние. Крушите брзо скапаа. Рачката на лопатата се скапала. Сламата скапа на нивата, не ја собравме навреме. б) За метал ‒ 'рѓоса, се распадне, кородира. Каросеријата на нашиот стар автомобил веќе скапа. Олуците со текот на времето се скапаа.
2. (прен.) а) Умре, згние од тешка болест или од тешки услови за живот. Тој скапа во затвор со години. Тој скапа во затвор. Скапа од глад. б) (прен.) Дојде во состојба на исцрпеност, изнемошти, премали, папса. Го скапа од ќотек. Тој се скапа од работа и пак ништо не заработи. Се скапа од молење. Родителите (се) скапаа барајќи го детето, а тоа да ти биде во визбата.
Конјугација: (ќе) скапеа , (ќе) скапев , (ќе) скапел (се), (се) скапат , скапаа , скапав , скапал , скапан , скапете , скапи .
Изведени зборови:
- (се) скапува, глаг. несв. (се) скапуваат
- скапување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
скапе (се), (се) скапат; скапи, скапете; скапав, скапаа; скапал; скапан; (ќе) скапев, (ќе) скапеа; (ќе) скапел (се) св. 1. а) Се разложи, се распадне поради гниење; изгние. Крушите брзо скапаа. Рачката на лопатата се скапала. Сламата скапа на нивата, не ја собравме навреме. б) За метал ‒ 'рѓоса, се распадне, кородира. Каросеријата на нашиот стар автомобил веќе скапа. Олуците со текот на времето се скапаа. 2. (прен.) а) Умре, згние од тешка болест или од тешки услови за живот. Тој скапа во затвор со години. Тој скапа во затвор. Скапа од глад. б) (прен.) Дојде во состојба на исцрпеност, изнемошти, премали, папса. Го скапа од ќотек. Тој се скапа од работа и пак ништо не заработи. Се скапа од молење. Родителите (се) скапаа барајќи го детето, а тоа да ти биде во визбата. ‖ (се) скапува, (се) скапуваат несв. ‖ глаг. им. скапување ср.