скапоцен

Придавка

Значење на скапоцен:

1. Што чини многу пари, многу скап. Скапоцени предмети. Скапоцено оружје од рачна изработка. Скапоцено крзно. Скапоцен бисерен ѓердан.

2. Што има голема вредност, што е многу важен, драг. Секоја минута беше скапоцена. И навираа најскопецени сеќавања.

Членувана форма: скапоцениот.

Изведени зборови:

  • скапоценост, и. ж. Предмет со голема вредност. Сеф за скапоцености. Куќата била полна со скапоцености.

Фразеолошки израз / поговорка:

Скапоцен камен ‒ бесценет, драгоцен камен.

Оригинални податоци:

скапоцен, скапоцениот прид. 1. Што чини многу пари, многу скап. Скапоцени предмети. Скапоцено оружје од рачна изработка. Скапоцено крзно. Скапоцен бисерен ѓердан. 2. Што има голема вредност, што е многу важен, драг. Секоја минута беше скапоцена. И навираа најскопецени сеќавања. ◊ Скапоцен камен ‒ бесценет, драгоцен камен. ‖ скапоценост ж. Предмет со голема вредност. Сеф за скапоцености. Куќата била полна со скапоцености.