скара
Значење на скара:
1. Предизвика недоразбирање, караница меѓу две или повеќе лица. Братучедот подло ги скара браќата. Таа работа ги скара двајцата пријатели засекогаш.
2. Свика, подвикне некому; искара. Дедото ги скара децата зашто пред него се расправаа.
Конјугација: скараат.
Изведени зборови:
- се ~ скара, Расипе односи со некого. Таа се скарала со брата си. Ќерка ми се скара со најдобрата другарка. Управникот и заменикот се скарале, дошло дури до тепање.
- (се) скарува, глаг. повт. (се) скаруваат
- скарување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
скара, скараат св. 1. Предизвика недоразбирање, караница меѓу две или повеќе лица. Братучедот подло ги скара браќата. Таа работа ги скара двајцата пријатели засекогаш. 2. Свика, подвикне некому; искара. Дедото ги скара децата зашто пред него се расправаа. ● се ~ Расипе односи со некого. Таа се скарала со брата си. Ќерка ми се скара со најдобрата другарка. Управникот и заменикот се скарале, дошло дури до тепање. ‖ (се) скарува, (се) скаруваат повт. ‖ глаг. им. скарување ср.