скелет

Именка, машки род

Значење на скелет:

1. (анат.) Сите коски во телото на човек или на животно што ја сочинуваат основата која го држи телото и на која се прикрепени мускулите. Човечки скелет. Скелет на мачка. Под урнатините најдоа делови од скелет.

2. (прен.) Многу слаб човек. Вистински скелет се сторил.

3. (прен.) Основа на нешто на која се држат другите делови. Веќе се наѕира скелетот на куќата. Во бродоградилиштето штрчеа ребрестите скелети на бродовите.

4. Тоа што служи како основа на нешто. Скелетот на проектот е готов.

Множина: скелети.

Оригинални податоци:

скелет, мн. скелети м. 1. (анат.) Сите коски во телото на човек или на животно што ја сочинуваат основата која го држи телото и на која се прикрепени мускулите. Човечки скелет. Скелет на мачка. Под урнатините најдоа делови од скелет. 2. (прен.) Многу слаб човек. Вистински скелет се сторил. 3. (прен.) Основа на нешто на која се држат другите делови. Веќе се наѕира скелетот на куќата. Во бродоградилиштето штрчеа ребрестите скелети на бродовите. 4. Тоа што служи како основа на нешто. Скелетот на проектот е готов.