скептицизам
Само во еднина.
Значење на скептицизам:
1. (филоз.) Правец во филозофијата чијшто основен принцип е сомневањето во можноста да се спознае објективната вистина.
2. Сомневање, недоверба кон нешто или кон некого. На сè гледаше со доза на скептицизам.
Членувана форма: скептицизмот.
Оригинални податоци:
скептицизам, скептицизмот (само едн.) м. 1. (филоз.) Правец во филозофијата чијшто основен принцип е сомневањето во можноста да се спознае објективната вистина. 2. Сомневање, недоверба кон нешто или кон некого. На сè гледаше со доза на скептицизам.