скинат
Значење на скинат:
1. Глаголска придавка од скине.
2. Што не е цел, што е во делови од дотрајаност или од физичко оштетување. Скинати алишта. Скината вреќа.
3. (прен.) Што изгубил сила, папсан. Скинат сум од работа.
Членувана форма: скинатиот.
Изведени зборови:
- скинатост, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Скината вреќа просо не држи (посл.).
Оригинални податоци:
скинат, скинатиот прид. 1. Глаг. прид. од скине. 2. Што не е цел, што е во делови од дотрајаност или од физичко оштетување. Скинати алишта. Скината вреќа. 3. (прен.) Што изгубил сила, папсан. Скинат сум од работа. ◊ Скината вреќа просо не држи (посл.). ‖ скинатост ж.