скине

Глагол, свршен

Значење на скине:

1. Направи нешто да биде на парчиња, на два или повеќе дела; кине Таа го скина конецот. Тој го прочита писмото двапати и го скина.

2. Пресече, откине, одреже нешто прикрепено, прекине некаква врска. Војникот ѝ ја скина главата на кокошката. Ветрот ги скина телефонските жици низ градот. Водата ја скинала пругата на неколку места.

3. Направи дупка на облека, обувка, ткаенина; износи облека. Детето ги скина новите панталони. Чевливе ги скинав за еден месец, а ги платив толку скапо.

4. Набере; оддели од гранка или стебло нешто што расте; кине 2. Момчето се пресегнало и скинало две зрна од еден грозд. Тој ја скинал недорасцутената ружа. Жената скина едно јаболко.

5. (прен.) а) Доведе некого до умирање. Болеста го скина јадриот и здрав човек. Честите и напорни патувања го скинаа човекот. Пушењето го скина. б) Доведе некого до исцрпеност, премаленост поради претерано вршење на некое дејство. Со своите шеги го скина од смеење цело маало. Го скина од ќотек. в) Уништи, запусти, измори.

Конјугација: (ќе) скинеа , (ќе) скинев , (ќе) скинел, скинаа , скинав , скинал , скинат , скинат , скинете , скини .

Изведени зборови:

  • се ~ скине, 1. Стане на парчиња; се оддели, се откине, отпадне; се кине 1. Конецот од леталото се скинал. Ортомата се скина и товарот падна на земи. Телефонските жици се скинаа од силниот ветер. Чаршафите се скинаа од долга употреба. 2. (прен.) Се доведе до исцрпеност од напорно вршење на некое дејство. Тој се скина од барање дури го најде прстенот. Детето се скина бегајќи од кучето.
  • (се) скинува, глаг. несв. (се) скинуваат
  • скинување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ќе ти го скинам вратот (вратчето) како на врапче (како на пиле) ‒ ќе го убие лесно, без многу да му мисли. Ќе му го скине јазикот ‒ закана. Скине конци ‒ умре. Ја скина зелена ‒ кажа нешто незрело.

Оригинални податоци:

скине, скинат; скини, скинете; скинав, скинаа; скинал; скинат; (ќе) скинев, (ќе) скинеа; (ќе) скинел св. 1. Направи нешто да биде на парчиња, на два или повеќе дела; сп. кине 1. Таа го скина конецот. Тој го прочита писмото двапати и го скина. 2. Пресече, откине, одреже нешто прикрепено, прекине некаква врска. Војникот ѝ ја скина главата на кокошката. Ветрот ги скина телефонските жици низ градот. Водата ја скинала пругата на неколку места. 3. Направи дупка на облека, обувка, ткаенина; износи облека. Детето ги скина новите панталони. Чевливе ги скинав за еден месец, а ги платив толку скапо. 4. Набере; оддели од гранка или стебло нешто што расте; в. кине 2. Момчето се пресегнало и скинало две зрна од еден грозд. Тој ја скинал недорасцутената ружа. Жената скина едно јаболко. 5. (прен.) а) Доведе некого до умирање. Болеста го скина јадриот и здрав човек. Честите и напорни патувања го скинаа човекот. Пушењето го скина. б) Доведе некого до исцрпеност, премаленост поради претерано вршење на некое дејство. Со своите шеги го скина од смеење цело маало. Го скина од ќотек. в) Уништи, запусти, измори. ● се ~ 1. Стане на парчиња; се оддели, се откине, отпадне; се кине 1. Конецот од леталото се скинал. Ортомата се скина и товарот падна на земи. Телефонските жици се скинаа од силниот ветер. Чаршафите се скинаа од долга употреба. 2. (прен.) Се доведе до исцрпеност од напорно вршење на некое дејство. Тој се скина од барање дури го најде прстенот. Детето се скина бегајќи од кучето. ◊ Ќе ти го скинам вратот (вратчето) како на врапче (како на пиле) ‒ ќе го убие лесно, без многу да му мисли. Ќе му го скине јазикот ‒ закана. Скине конци ‒ умре. Ја скина зелена ‒ кажа нешто незрело. ‖ (се) скинува, (се) скинуваат несв. ‖ глаг. им. скинување ср.