скипи

Глагол, свршен

Значење на скипи:

1. Дојде во состојба на вриење. Водата скипе, тури ги корите да се варат.

2. (прен.) За чувство на гнев, лутина и сл. ‒ дојде до крајните граници. Во душата скипе омраза и јад. Скипеа борци со одмазда жолчна.

Конјугација: скипат.

Изведени зборови:

  • скипува, глаг. несв. скипуваат
  • скипување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

скипи, скипат св. 1. Дојде во состојба на вриење. Водата скипе, тури ги корите да се варат. 2. (прен.) За чувство на гнев, лутина и сл. ‒ дојде до крајните граници. Во душата скипе омраза и јад. Скипеа борци со одмазда жолчна. ‖ скипува, скипуваат несв. ‖ глаг. им. скипување ср.