скисне (се)

Глагол, свршен

Значење на скисне (се):

1. а) За тесто ‒ нарасне под дејство на квасец. Лебот скиснал, втасал за печење. б) За храна ‒ се скисели, добие лош вкус, се расипе. Гравот скиснал. Манџата се скиснала.

2. (прен.) Се онерасположи, се намршти, се намурти. Што си (се) скиснал? Таа (се) скисна, се намурти, ама не сакаше да одговори. Старицата се скисна кога разбра дека долгоочекуваните гости нема да дојдат.

3. (прен.) Многу долго заседне, остане некаде. Оди викни го, скисна таму.

Конјугација: (ќе) (се) скиснеа , (ќе) (се) скиснев , (ќе) (се) скиснел, (се) скиснав, (се) скиснал , (се) скиснат , скиснат , скиснете (се) , скисни (се) .

Изведени зборови:

  • (се) скиснува, глаг. несв. (се) скиснуваат
  • скиснување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Да ти скисне гравот (расолот) ‒ блага клетва, повеќе како прекор.

Оригинални податоци:

скисне (се), (се) скиснат; скисни (се), скиснете (се); (се) скиснав, (се) скиснаа; (се) скиснал; скиснат; (ќе) (се) скиснев, (ќе) (се) скиснеа; (ќе) (се) скиснел св. 1. а) За тесто ‒ нарасне под дејство на квасец. Лебот скиснал, втасал за печење. б) За храна ‒ се скисели, добие лош вкус, се расипе. Гравот скиснал. Манџата се скиснала. 2. (прен.) Се онерасположи, се намршти, се намурти. Што си (се) скиснал? Таа (се) скисна, се намурти, ама не сакаше да одговори. Старицата се скисна кога разбра дека долгоочекуваните гости нема да дојдат. 3. (прен.) Многу долго заседне, остане некаде. Оди викни го, скисна таму. ◊ Да ти скисне гравот (расолот) ‒ блага клетва, повеќе како прекор. ‖ (се) скиснува, (се) скиснуваат несв. ‖ глаг. им. скиснување ср.