скита
Значење на скита:
Оди без цел од едно место до друго; безделничи. Тоа лето тие скитаа по манастирите. Бесцелно скиташе по улиците.Коњугација: скитаат.
Изведени зборови:
- скитање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Скита како глува кучка ‒ бесцелно скита. Кој пита, не скита (посл.) ‒ ако не знаеш, прашај и нема да залуташ.
Оригинални податоци:
скита, скитаат несв. Оди без цел од едно место до друго; безделничи. Тоа лето тие скитаа по манастирите. Бесцелно скиташе по улиците. ◊ Скита како глува кучка ‒ бесцелно скита. Кој пита, не скита (посл.) ‒ ако не знаеш, прашај и нема да залуташ. ‖ глаг. им. скитање ср.