скитник
Значење на скитник:
1. Човек што не се задржува долго на едно место, без постојано живеалиште; скитач, скиталец. Вечен скитник. Скитник и безделник. Витез скитник. Бегајќи од војната станавме скитници.
2. За животно ‒ без господар, без постојано место на престојување. Кучиња скитници.
Множина: скитници.
Изведени зборови:
- скитница, и. ж. мн. скитници и скитничка, мн. скитнички
- скитнички, прид. скитничкиот Скитнички живот.
Оригинални податоци:
скитник, мн. скитници м. 1. Човек што не се задржува долго на едно место, без постојано живеалиште; скитач, скиталец. Вечен скитник. Скитник и безделник. Витез скитник. Бегајќи од војната станавме скитници. 2. За животно ‒ без господар, без постојано место на престојување. Кучиња скитници. ‖ скитница, мн. скитници и скитничка, мн. скитнички ж. ‖ скитнички, скитничкиот прид. Скитнички живот.