склон

Придавка

Значење на склон:

1. Што е наклонет кон нешто, што има афинитет, склоност кон нешто. Тој е склон кон уметноста.

2. Што има некаква намера, желба, што е готов да направи нешто. Тој е склон на самоубиство. Склон е да дојде. Склон е кон хипохондрија. Тој е склон да верува дека така се случило.

Членувана форма: склониот.

Изведени зборови:

  • склоност, и. ж.

Оригинални податоци:

склон, склониот прид. 1. Што е наклонет кон нешто, што има афинитет, склоност кон нешто. Тој е склон кон уметноста. 2. Што има некаква намера, желба, што е готов да направи нешто. Тој е склон на самоубиство. Склон е да дојде. Склон е кон хипохондрија. Тој е склон да верува дека така се случило. ‖ склоност ж.