склопи

Глагол, свршен

Значење на склопи:

1. Состави, поврзе, соедини делови од нешто. Детето работеше цело претпладне и склопи еден вид кафез. Работниците брзо ги склопија скелињата и веднаш почнаа со работа. Тој по голема мака ја склопи играчката.

2. а) За очи, клепки ‒ затвори. Таа цела ноќ не склопи око. Стариот седна покрај печката, ги склопи клепките, но како сè уште да беше вознемирен. б) (прен.) Почине. Тој ги склопи очите засекогаш.

3. За договор, сојуз ‒ склучи, договори. Оваа издавачка куќа веќе склопи неколку договори со познати автори. Двете завојувани страни конечно склопија договор за примирје. Неколку друштва склопија сојуз и решија отсега па натаму да настапуваат единствено.

4. За брак, пријателство и сл. ‒ склучи, договори. Старецот склопи искрено пријателство со детето кое траеше до крајот на неговиот живот. Тие склопија брак од интерес.

Коњугација: склопат.

Изведени зборови:

  • се ~ склопи, За очи, клепки ‒ затвори. Очите ми се склопија од замор.
  • (се) склопува, глаг. несв. (се) склопуваат
  • склопување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

склопи, склопат св. 1. Состави, поврзе, соедини делови од нешто. Детето работеше цело претпладне и склопи еден вид кафез. Работниците брзо ги склопија скелињата и веднаш почнаа со работа. Тој по голема мака ја склопи играчката. 2. а) За очи, клепки ‒ затвори. Таа цела ноќ не склопи око. Стариот седна покрај печката, ги склопи клепките, но како сè уште да беше вознемирен. б) (прен.) Почине. Тој ги склопи очите засекогаш. 3. За договор, сојуз ‒ склучи, договори. Оваа издавачка куќа веќе склопи неколку договори со познати автори. Двете завојувани страни конечно склопија договор за примирје. Неколку друштва склопија сојуз и решија отсега па натаму да настапуваат единствено. 4. За брак, пријателство и сл. ‒ склучи, договори. Старецот склопи искрено пријателство со детето кое траеше до крајот на неговиот живот. Тие склопија брак од интерес. ● се ~ За очи, клепки ‒ затвори. Очите ми се склопија од замор. ‖ (се) склопува, (се) склопуваат несв. ‖ глаг. им. склопување ср.