склучи

Глагол, свршен

Значење на склучи:

1. Состави краишта на две нешта што се наоѓаат близу; склопи. Тој имаше болки во стомакот и затоа ги склучи нозете. Старата ги склучи рацете и остана да чека што ќе се случи. Ги склучи колената крај фотелјата.

2. Направи договор за нешто (договор, мир, брак и сл.). Тој го склучил аранжманот. Двете племенски зедници склучија сојуз. Двете земји по неколкугодишно војување склучија мир.

Коњугација: склучат.

Изведени зборови:

  • се ~ склучи, Се припие, се свие во клопче. Девојчето се склучи до мајка си, затоа што беше исплашено. Затоа што му студеше, малото пиле се склучи под кокошката.
  • (се) склучува, глаг. несв. (се) склучуваат
  • склучување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

склучи, склучат св. 1. Состави краишта на две нешта што се наоѓаат близу; склопи. Тој имаше болки во стомакот и затоа ги склучи нозете. Старата ги склучи рацете и остана да чека што ќе се случи. Ги склучи колената крај фотелјата. 2. Направи договор за нешто (договор, мир, брак и сл.). Тој го склучил аранжманот. Двете племенски зедници склучија сојуз. Двете земји по неколкугодишно војување склучија мир. ● се ~ Се припие, се свие во клопче. Девојчето се склучи до мајка си, затоа што беше исплашено. Затоа што му студеше, малото пиле се склучи под кокошката. ‖ (се) склучува, (се) склучуваат несв. ‖ глаг. им. склучување ср.