скок
Значење на скок:
1. а) Отфрлање на телото во воздух или во далечина и преминување од едно место на друго со ненадеен напор на мускулите на нозете. Момчето во еден скок се најде до вратата. Со секој нов скок беше поблиску до целта. Волци со скокови се ближеа. б) (спорт.) Низа од спортски дисциплини во скокање. Скок во далечина. Скок во вода. Скок во височина. Скок со стап.
2. (прен.) а) Брз, неочекуван премин од една состојба во друга. Во своето излагање направи скок и почна да зборува за нешто сосема друго. Скок на температурата. Револуционерен скок во науката. б) Ненадејна промена на нешто. Скок на цените на прехранбените производи.
3. Еднократно парење на животно, на мажјакот кај овци, кози, кучиња и др. Од еден до друг скок на животното му се дава одмор од шест до осум саати.
4. (геогр.) Водопад на река.
Множина: скокови.
Оригинални податоци:
скок, мн. скокови м. 1. а) Отфрлање на телото во воздух или во далечина и преминување од едно место на друго со ненадеен напор на мускулите на нозете. Момчето во еден скок се најде до вратата. Со секој нов скок беше поблиску до целта. Волци со скокови се ближеа. б) (спорт.) Низа од спортски дисциплини во скокање. Скок во далечина. Скок во вода. Скок во височина. Скок со стап. 2. (прен.) а) Брз, неочекуван премин од една состојба во друга. Во своето излагање направи скок и почна да зборува за нешто сосема друго. Скок на температурата. Револуционерен скок во науката. б) Ненадејна промена на нешто. Скок на цените на прехранбените производи. 3. Еднократно парење на животно, на мажјакот кај овци, кози, кучиња и др. Од еден до друг скок на животното му се дава одмор од шест до осум саати. 4. (геогр.) Водопад на река.