скока

Глагол, несвршен

Значење на скока:

1. Прави движење со скок, се движи со скокање; потскокнува. Децата скокаа на една нога. Играорците скокаат во ритмот на музиката. Кутрето радосно скокаше околу девојчето. Птиците скокаа од гранче на гранче. Пајтонот скокаше по калдрмата.

2. Изведува скок во спортска дисциплина, при вежба и сл. Учениците скокаа еден по еден преку пречката. Момчињата скокаа во водата со радосни извици.

3. Се нафрлува некому; нарипува. Во тој момент сите скокаат врз новодојдениот.

4. (прен.) Се изменува реско. Цените скокаат. Цената на електричната енергија скока секој месец.

Конјугација: скокаат.

Изведени зборови:

  • скокање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

скока, скокаат несв. 1. Прави движење со скок, се движи со скокање; потскокнува. Децата скокаа на една нога. Играорците скокаат во ритмот на музиката. Кутрето радосно скокаше околу девојчето. Птиците скокаа од гранче на гранче. Пајтонот скокаше по калдрмата. 2. Изведува скок во спортска дисциплина, при вежба и сл. Учениците скокаа еден по еден преку пречката. Момчињата скокаа во водата со радосни извици. 3. Се нафрлува некому; нарипува. Во тој момент сите скокаат врз новодојдениот. 4. (прен.) Се изменува реско. Цените скокаат. Цената на електричната енергија скока секој месец. ‖ глаг. им. скокање ср.