скокне
Значење на скокне:
1. Направи движење со скок. Патниците во паничен страв скокнале од запалениот брод. Скокна од креветот и почна да се облекува. Таа скокна од столот. Војникот скокна на нозе и застана во став мирно. Песот скокна на парчето месо.
2. Изведе скок во спортска дисциплина, при вежба и сл. Ученикот скокна повиско од другите натпреварувачи. Ватерполистите скокнаа во водата.
3. Се нафрли некому; нарипа. Во тој момент сите скоканаа врз натрапникот.
4. (разг.) Намине на кратко време кај некого, појде по нешто. Ќе скокнам до сестра ми да ја видам. Скокна до дуќанот по леб.
5. (прен.) Се измени реско. Температурата скокна за пет степени. Цената на оризот скокна највисоко оваа сезона.
Конјугација: (ќе) скокнеа , (ќе) скокнев , (ќе) скокнел, скокнаа , скокнав , скокнал , скокнат , скокнат , скокнете , скокни .
Изведени зборови:
- скокнува, глаг. повт. скокнуваат
- скокнување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Прво скокни, па речи оп ‒ прво изврши ја работата, па потоа пофали се. Му скокаат / скокнале акциите некому ‒ му се качила вредноста, средината повеќе го цени.
Оригинални податоци:
скокне, скокнат; скокни, скокнете; скокнав, скокнаа; скокнал; скокнат; (ќе) скокнев, (ќе) скокнеа; (ќе) скокнел св. 1. Направи движење со скок. Патниците во паничен страв скокнале од запалениот брод. Скокна од креветот и почна да се облекува. Таа скокна од столот. Војникот скокна на нозе и застана во став мирно. Песот скокна на парчето месо. 2. Изведе скок во спортска дисциплина, при вежба и сл. Ученикот скокна повиско од другите натпреварувачи. Ватерполистите скокнаа во водата. 3. Се нафрли некому; нарипа. Во тој момент сите скоканаа врз натрапникот. 4. (разг.) Намине на кратко време кај некого, појде по нешто. Ќе скокнам до сестра ми да ја видам. Скокна до дуќанот по леб. 5. (прен.) Се измени реско. Температурата скокна за пет степени. Цената на оризот скокна највисоко оваа сезона. ◊ Прво скокни, па речи оп ‒ прво изврши ја работата, па потоа пофали се. Му скокаат / скокнале акциите некому ‒ му се качила вредноста, средината повеќе го цени. ‖ скокнува, скокнуваат повт. ‖ глаг. им. скокнување ср.