скокотка
Значење на скокотка:
1. Со лесен допир ја дразни кожата со цел да предизвика смеа. Мајката го скокоткаше синчето за да се насмее. Сламчиња од сеното ми ги скокоткаа нозете.
2. (прен.) а) За чувство, обично пријатно, што лесно возбудува. Нè скокоткаше мислата дека сме победници. Ја скокоткаше мислата дека ќе стане мајка. б) Предизвикува љубопитство, силна желба нешто да дознае. Ме скокотка што зборувале за него. Го скокоткаше какво звање ќе му дадат.
Конјугација: скокоткаат.
Изведени зборови:
- се ~ скокотка, Се дразни заемно за да предизвика смеа. Тие се скокоткаа цело попладне еден со друг.
- скокоткање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
скокотка, скокоткаат несв. 1. Со лесен допир ја дразни кожата со цел да предизвика смеа. Мајката го скокоткаше синчето за да се насмее. Сламчиња од сеното ми ги скокоткаа нозете. 2. (прен.) а) За чувство, обично пријатно, што лесно возбудува. Нè скокоткаше мислата дека сме победници. Ја скокоткаше мислата дека ќе стане мајка. б) Предизвикува љубопитство, силна желба нешто да дознае. Ме скокотка што зборувале за него. Го скокоткаше какво звање ќе му дадат. ● се ~ Се дразни заемно за да предизвика смеа. Тие се скокоткаа цело попладне еден со друг. ‖ глаг. им. скокоткање ср.