скорне
Значење на скорне:
1. Прекине сон некому. Мајката ги скорна децата за на училиште. Таман се обзорило, тој ги скорнал браќата за да трганат на пат.
2. Стане од местото некого. Мајката го скорна синот од столот за да седне стариот.
3. (разг.) Прозове, повика на одговор во училиште. Денеска ме скорнаа по математика. Учителот скорна еден ученик на табла да ја повтори лекцијата.
Коњугација: (ќе) скорнеа , (ќе) скорнев , (ќе) скорнел, скорнаа , скорнав , скорнал , скорнат , скорнат , скорнете , скорни .
Изведени зборови:
- глаг. им. ср. скоривање / скорнување
- и. ср. скорнување NOUNN
- скорива, глаг. несв. скориваат -- скорнува, скорнуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Скорне јадови ‒ побуди непријатни чувства, жал за нешто изгубено, пропуштено и сл.
Оригинални податоци:
скорне, скорнат; скорни, скорнете; скорнав, скорнаа; скорнал; скорнат; (ќе) скорнев, (ќе) скорнеа; (ќе) скорнел св. 1. Прекине сон некому. Мајката ги скорна децата за на училиште. Таман се обзорило, тој ги скорнал браќата за да трганат на пат. 2. Стане од местото некого. Мајката го скорна синот од столот за да седне стариот. 3. (разг.) Прозове, повика на одговор во училиште. Денеска ме скорнаа по математика. Учителот скорна еден ученик на табла да ја повтори лекцијата. ◊ Скорне јадови ‒ побуди непријатни чувства, жал за нешто изгубено, пропуштено и сл. ‖ скорива, скориваат / скорнува, скорнуваат несв. ‖ глаг. им. скоривање / скорнување ср.