скрати

Глагол, свршен

Значење на скрати:

1. Направи нешто да биде кратко или пократко. Шивачката го скрати фустанот една педа. Уредникот му го скрати написот на младиот новинар. Наставникот ни го скрати часот за пет минути.

2. Ограничи нешто по број, количество. Последниве години ни го скратија бројот на вработените. Последниов месец ни скратија пет проценти од платата.

3. (мат.) Делејќи со некој број изрази во помали броеви. Скрати равенка.

Конјугација: скратат.

Изведени зборови:

  • се ~ скрати, 1. Стане кратко или пократко. Патот од селото се скрати за неколку часа преку оваа делница. Деновите се скратија, иде зима. 2. Се намали по обем, количество. Приходите ни се скратија.
  • (се) скратува, глаг. несв. (се) скратуваат
  • скратување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Скрати маки некому ‒ 1. Прекине живот, усмрти; 2. Отстрани причина што предизвикува мака, проблем. Ќе те скратам за глава ‒ закана. Скрати малку ‒ не ги преувеличувај работите.

Оригинални податоци:

скрати, скратат св. 1. Направи нешто да биде кратко или пократко. Шивачката го скрати фустанот една педа. Уредникот му го скрати написот на младиот новинар. Наставникот ни го скрати часот за пет минути. 2. Ограничи нешто по број, количество. Последниве години ни го скратија бројот на вработените. Последниов месец ни скратија пет проценти од платата. 3. (мат.) Делејќи со некој број изрази во помали броеви. Скрати равенка. ● се ~ 1. Стане кратко или пократко. Патот од селото се скрати за неколку часа преку оваа делница. Деновите се скратија, иде зима. 2. Се намали по обем, количество. Приходите ни се скратија. ◊ Скрати маки некому ‒ 1. Прекине живот, усмрти; 2. Отстрани причина што предизвикува мака, проблем. Ќе те скратам за глава ‒ закана. Скрати малку ‒ не ги преувеличувај работите. ‖ (се) скратува, (се) скратуваат несв. ‖ глаг. им. скратување ср.