скрие

Глагол, свршен

Значење на скрие:

1. Направи да биде незабележливо, невидливо, прикриено. Тој ја скри пушката во една грмушка. Таа го скри писмото во фиоката. Облаците го скрија сонцето. Старата го скри лицето со рацете и заплака.

2. Даде тајно засолниште некому. Селаните ги скрија комитите во племјата. Бабата ги скрила внучињата во колибата, та така останале живи.

3. За чувство, состојба и сл. ‒ не даде можност да се забележи. Тој ја скри својата тајна. Таа ја скри вистината пред своите. Ја скри радоста. Девојката ја скри својата тага пред другарките.

4. (прен.) Зачува како тајна, не изнесе јавно, премолчи. Тие го скрија планот за напад на полициската станица. Тој скри од домашните дека боледува од тешка болест.

Конјугација: (ќе) скриев , (ќе) скриеја , (ќе) скриел , скија , скрив , скриен, скриј , скријат , скријте , скрил .

Изведени зборови:

  • се ~ скрие, 1. Се крие негде, најде тајно скривалиште. Детето се скрило во долапот. Тој се скри зад креветот. Крадците се скриле и сега никој, па и полицијата не може да ги најде. Глувчето се скри во дупчето. 2. Стане незабележлив, невидлив. Сонцето се скри зад облаците. Месечината се скри зад јаболкницата.

Оригинални податоци:

скрие, скријат; скриј, скријте; скрив, скија; скрил; (ќе) скриев, (ќе) скриеја; (ќе) скриел; скриен св. 1. Направи да биде незабележливо, невидливо, прикриено. Тој ја скри пушката во една грмушка. Таа го скри писмото во фиоката. Облаците го скрија сонцето. Старата го скри лицето со рацете и заплака. 2. Даде тајно засолниште некому. Селаните ги скрија комитите во племјата. Бабата ги скрила внучињата во колибата, та така останале живи. 3. За чувство, состојба и сл. ‒ не даде можност да се забележи. Тој ја скри својата тајна. Таа ја скри вистината пред своите. Ја скри радоста. Девојката ја скри својата тага пред другарките. 4. (прен.) Зачува како тајна, не изнесе јавно, премолчи. Тие го скрија планот за напад на полициската станица. Тој скри од домашните дека боледува од тешка болест. ● се ~ 1. Се крие негде, најде тајно скривалиште. Детето се скрило во долапот. Тој се скри зад креветот. Крадците се скриле и сега никој, па и полицијата не може да ги најде. Глувчето се скри во дупчето. 2. Стане незабележлив, невидлив. Сонцето се скри зад облаците. Месечината се скри зад јаболкницата.