скришен

Придавка

Значење на скришен:

1. Таен, прикриен, недостапен. Скришно место. Скришна болница во планината.

2. скриен. Скришни желби. Скришна работа. Скришна љубов.

Членувана форма: скришниот.

Изведени зборови:

  • скришно, прил. Го погледна скришно. Излезе скришно од дома.
  • скришност, и. ж.

Оригинални податоци:

скришен, скришниот прид. 1. Таен, прикриен, недостапен. Скришно место. Скришна болница во планината. 2. сп. скриен. Скришни желби. Скришна работа. Скришна љубов. ‖ скришно прил. Го погледна скришно. Излезе скришно од дома. ‖ скришност ж.