скрои

Глагол, свршен

Значење на скрои:

1. Со кроење приготви облека, обувки и друго за крајна обработка. Мајсторот тесно ми го скроил фустанот. Една од мајките им скрои и им соши работни облеки на првачињата од нашето училиште.

2. (прен.) Испланира, направи, смисли нешто некому, најчесто нешто непријатно, лошо. Тој скрои план за напад. Таа скрои план за одмазда. Другарите му скроиле лага на брат ми.

Конјугација: (ќе) скроев , (ќе) скроеја , (ќе) скроел, скојаа и скроив , скроија , скрој , скројав , скројал и скроил , скројан и скроен , скројат , скројте .

Изведени зборови:

  • скројува, глаг. повт. скројуваат
  • скројување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Како ќе се скрои, така ќе се искине ‒ каков е човекот, таков ќе си биде, не може да се измени.

Оригинални податоци:

скрои, скројат; скрој, скројте; скројав, скојаа и скроив; скроија; скројал и скроил; скројан и скроен; (ќе) скроев, (ќе) скроеја; (ќе) скроел св. 1. Со кроење приготви облека, обувки и друго за крајна обработка. Мајсторот тесно ми го скроил фустанот. Една од мајките им скрои и им соши работни облеки на првачињата од нашето училиште. 2. (прен.) Испланира, направи, смисли нешто некому, најчесто нешто непријатно, лошо. Тој скрои план за напад. Таа скрои план за одмазда. Другарите му скроиле лага на брат ми. ◊ Како ќе се скрои, така ќе се искине ‒ каков е човекот, таков ќе си биде, не може да се измени. ‖ скројува, скројуваат повт. ‖ глаг. им. скројување ср.