скромен
Значење на скромен:
1. Што избегнува сам да се фали, да се истакнува себеси. Тој отсекогаш бил скромен човек. Скромно момче.
2. Што не изразува вообразеност, што се однесува воздржано, без претерување. Скромно мислење. Скромно држење.
3. Што не се изделува по ништо, прост, едноставен. Скромен живот. Скромен стан. Скромен фустан. Скромна свеченост. Направија скромна свадба.
4. Што не е особено голем по обем, по значење, по некоја карактеристика. Скромна пензија. Скромни барања. Скромни успеси.
Членувана форма: скромниот.
Изведени зборови:
- скромно, прил. Живееше скромно. Се облекуваше скромно, ама убаво.
- скромност, и. ж.
Оригинални податоци:
скромен, скромниот прид. 1. Што избегнува сам да се фали, да се истакнува себеси. Тој отсекогаш бил скромен човек. Скромно момче. 2. Што не изразува вообразеност, што се однесува воздржано, без претерување. Скромно мислење. Скромно држење. 3. Што не се изделува по ништо, прост, едноставен. Скромен живот. Скромен стан. Скромен фустан. Скромна свеченост. Направија скромна свадба. 4. Што не е особено голем по обем, по значење, по некоја карактеристика. Скромна пензија. Скромни барања. Скромни успеси. ‖ скромно прил. Живееше скромно. Се облекуваше скромно, ама убаво. ‖ скромност ж.