скроти

Глагол, свршен

Значење на скроти:

1. За животно ‒ направи да биде покротко, покорно, послушно. Дресерот го скроти овој лав за еден месец. Тој ја скротил мечката.

2. Насочи тек на река, движење на нешто, на природна појава и сл. Населението ја скроти надојдената река со насип од вреќи песок. Играчот ја скроти топката токму пред голот.

3. (прен.) За чувство (страст, желба, гнев), сфаќање и сл. ‒ смири, надвие, совлада. Татко му одвај ги скроти неговите политички амбиции. Тој одвај ја скроти својата страст за пиење. Ја скроти бурата во себе.

Коњугација: скротат.

Изведени зборови:

  • се ~ скроти, 1. За животно ‒ стане покорно, послушно, се припитоми. Покрај питомите гулаби, доаѓаше и еден див, кој полека, полека се скроти. Ждребицата полека се скроти. Некои животни не можат веднаш да се скротат. 2. а) За човек ‒ се смири, се успокои. Кога беа мали, нејзините деца беа многу бесни, а веќе како растат се скротија. Жената седна покрај мајката, го зеде меѓу своите колена најголемото дете и тоа се скроти. б) (прен.) За река, природен феномен ‒ се смири, се стивне. Планинската река се скроти во своето корито. Дождовите секнаа, реките се скротија. Се скроти ветрот. По неколку дена бура, морето се скроти.
  • (се) скротува, глаг. несв. (се) скротуваат
  • скротување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

скроти, скротат св. 1. За животно ‒ направи да биде покротко, покорно, послушно. Дресерот го скроти овој лав за еден месец. Тој ја скротил мечката. 2. Насочи тек на река, движење на нешто, на природна појава и сл. Населението ја скроти надојдената река со насип од вреќи песок. Играчот ја скроти топката токму пред голот. 3. (прен.) За чувство (страст, желба, гнев), сфаќање и сл. ‒ смири, надвие, совлада. Татко му одвај ги скроти неговите политички амбиции. Тој одвај ја скроти својата страст за пиење. Ја скроти бурата во себе. ● се ~ 1. За животно ‒ стане покорно, послушно, се припитоми. Покрај питомите гулаби, доаѓаше и еден див, кој полека, полека се скроти. Ждребицата полека се скроти. Некои животни не можат веднаш да се скротат. 2. а) За човек ‒ се смири, се успокои. Кога беа мали, нејзините деца беа многу бесни, а веќе како растат се скротија. Жената седна покрај мајката, го зеде меѓу своите колена најголемото дете и тоа се скроти. б) (прен.) За река, природен феномен ‒ се смири, се стивне. Планинската река се скроти во своето корито. Дождовите секнаа, реките се скротија. Се скроти ветрот. По неколку дена бура, морето се скроти. ‖ (се) скротува, (се) скротуваат несв. ‖ глаг. им. скротување ср.