скрпи
Значење на скрпи:
1. Направи нешто набрзина од разни делови. Скрпија некако колиба да има кај да преноќеваат. Скрпивме некако оркестар што ќе свири на прославата.
2. Измисли, скрои нешто набрзина. Скрпија некои приказни, колку да се оправдаат пред родителите.
Конјугација: скрпат.
Изведени зборови:
- скрпува, глаг. несв. скрпуваат
- скрпување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
скрпи, скрпат св. 1. Направи нешто набрзина од разни делови. Скрпија некако колиба да има кај да преноќеваат. Скрпивме некако оркестар што ќе свири на прославата. 2. Измисли, скрои нешто набрзина. Скрпија некои приказни, колку да се оправдаат пред родителите. ‖ скрпува, скрпуваат несв. ‖ глаг. им. скрпување ср.