скршен

Придавка

Значење на скршен:

1. Глаголска придавка од скрши.

2. Што не е цел, што е на парчиња. Скршена чаша. Скршени прозорци.

3. (прен.) Што ја загубил силата, папсан, совладан, духовно исцрпен. Со скршено срце талкаше низ градот.

Членувана форма: скршениот.

Изведени зборови:

  • скршено, прил. Кон зн. 2. Гласот ѝ екна скршено.
  • скршеност, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Нема скршен(а) денар (пара) ‒ нема пари. Не вреди скршена пара ‒ нема никаква вредност, не вреди за ништо.

Оригинални податоци:

скршен, скршениот прид. 1. Глаг. прид. од скрши. 2. Што не е цел, што е на парчиња. Скршена чаша. Скршени прозорци. 3. (прен.) Што ја загубил силата, папсан, совладан, духовно исцрпен. Со скршено срце талкаше низ градот. ◊ Нема скршен(а) денар (пара) ‒ нема пари. Не вреди скршена пара ‒ нема никаква вредност, не вреди за ништо. ‖ скршено прил. Кон зн. 2. Гласот ѝ екна скршено. ‖ скршеност ж.