скрши
Значење на скрши:
1. Со удирање направи нешто да биде на парчиња; крши Децата го скршија лустерот. Војниците ја скршија влезната врата. Брат ми ми ги скрши очилата. Кошаркарот ја скрши таблата на кошот.
2. Со удар или при паѓање разбие, оштети нешто; повреди дел од телото. Тој ја скрши ногата паѓајќи на мразот. Старата го скрши левиот колк. Децата го скршиле радиото.
3. За растение ‒ поткрши дел. Цвеќарката ги скрши потсушените врвчиња на трендафилот. Скрши од јоргованот.
4. Оддели дел од целина. Тој скрши парче леб, зеде главица лук и сирење и отиде надвор да јаде.
5. (прен.) Надвие нешто, победи. Жена му му го скрши егоизмот во него. Оваа единица го скрши и последниот непријателски обрач и територијата ја прогласи за слободна. Ништо не ја скрши војската што излегуваше од народот. Оваа постапка го скрши момчето.
Конјугација: скршат.
Изведени зборови:
- се ~ скрши, Се направи нешто на парчиња, повреди дел од своето тело. Од силниот ветер се скршило стаклото на прозорецот. Јајцата се скршиле во торбата. Се скршила најубавата орхидеја. При паѓањето, раката му се скршила.
Фразеолошки израз / поговорка:
Го скрши мразот ‒ започне некоја работа по долго време. Му ги скрши роговите ‒ смири нечија гордост. Скрши глава (врат) ‒ отиде некаде далеку, бестрага. Скрши ќеф (атер, волја, збор) ‒ не исполни некому желба, волја, тоа што се барало. Скрши збор (лаф) со некого ‒ поразговара со некого, направи муабет. Скрши разговор некому ‒ прекине разговор. Ќе ти ја скршам главата (нозете, вратот, муцките, коските) ‒ закана. Скрши сон ‒ прекине сон. Го скрши јазикот ‒ премногу е учтив. Не си грне да се скршиш ‒ ништо нема да ти биде. Скрши срце некому ‒ в. срце. Скрши нога ‒ направи напор да посети некого.
Оригинални податоци:
скрши, скршат св. 1. Со удирање направи нешто да биде на парчиња; сп. крши 1. Децата го скршија лустерот. Војниците ја скршија влезната врата. Брат ми ми ги скрши очилата. Кошаркарот ја скрши таблата на кошот. 2. Со удар или при паѓање разбие, оштети нешто; повреди дел од телото. Тој ја скрши ногата паѓајќи на мразот. Старата го скрши левиот колк. Децата го скршиле радиото. 3. За растение ‒ поткрши дел. Цвеќарката ги скрши потсушените врвчиња на трендафилот. Скрши од јоргованот. 4. Оддели дел од целина. Тој скрши парче леб, зеде главица лук и сирење и отиде надвор да јаде. 5. (прен.) Надвие нешто, победи. Жена му му го скрши егоизмот во него. Оваа единица го скрши и последниот непријателски обрач и територијата ја прогласи за слободна. Ништо не ја скрши војската што излегуваше од народот. Оваа постапка го скрши момчето. ● се ~ Се направи нешто на парчиња, повреди дел од своето тело. Од силниот ветер се скршило стаклото на прозорецот. Јајцата се скршиле во торбата. Се скршила најубавата орхидеја. При паѓањето, раката му се скршила. ◊ Го скрши мразот ‒ започне некоја работа по долго време. Му ги скрши роговите ‒ смири нечија гордост. Скрши глава (врат) ‒ отиде некаде далеку, бестрага. Скрши ќеф (атер, волја, збор) ‒ не исполни некому желба, волја, тоа што се барало. Скрши збор (лаф) со некого ‒ поразговара со некого, направи муабет. Скрши разговор некому ‒ прекине разговор. Ќе ти ја скршам главата (нозете, вратот, муцките, коските) ‒ закана. Скрши сон ‒ прекине сон. Го скрши јазикот ‒ премногу е учтив. Не си грне да се скршиш ‒ ништо нема да ти биде. Скрши срце некому ‒ в. срце. Скрши нога ‒ направи напор да посети некого.