скршне 2
Значење на скршне:
1. Сврти во друг правец. Децата скршнале од патот. Ќе ја минеш реката, а потоа ќе скршнеш влево.
2. (прен.) Се оддалечи од определена програма, тема на разговор, идеолошка линија и сл. Двајца активисти скршнаа од патот и затоа партијата ги отстрани со време. Тој скршнал од правиот пат, се оддал на коцка и пиење. Таа го скршна разговорот на друга страна.
Конјугација: (ќе) скршнеа , (ќе) скршнев , (ќе) скршнел, скршнаа , скршнав , скршнал , скршнат , скршнете , скршни .
Изведени зборови:
- скршнува, глаг. несв. скршнуваат 1. сп. скршне. 2. За река ‒ свртува во друг правец. Реката скршнува во остар лак низ долината пред да се влее во езерото.
- скршнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
скршне2, скршнат; скршни, скршнете; скршнав, скршнаа; скршнал; (ќе) скршнев, (ќе) скршнеа; (ќе) скршнел св. 1. Сврти во друг правец. Децата скршнале од патот. Ќе ја минеш реката, а потоа ќе скршнеш влево. 2. (прен.) Се оддалечи од определена програма, тема на разговор, идеолошка линија и сл. Двајца активисти скршнаа од патот и затоа партијата ги отстрани со време. Тој скршнал од правиот пат, се оддал на коцка и пиење. Таа го скршна разговорот на друга страна. ‖ скршнува, скршнуваат несв. 1. сп. скршне. 2. За река ‒ свртува во друг правец. Реката скршнува во остар лак низ долината пред да се влее во езерото. ‖ глаг. им. скршнување ср.