скрупула
Обично во множина.
Значење на скрупула:
1. Сомневање во исправноста на постапките, гризење на совеста поради извршено дело, колебање. Човек без скрупули и морал. Однесување без срам и без скрупули.
2. Голема точност, совесност, придржување кон правилата за однесување. Тој има поинакви скрупули, тој ја респектира силата, моќта на власта.
Множина: скрупули.
Оригинални податоци:
скрупула, (обично во мн.), скрупули ж. 1. Сомневање во исправноста на постапките, гризење на совеста поради извршено дело, колебање. Човек без скрупули и морал. Однесување без срам и без скрупули. 2. Голема точност, совесност, придржување кон правилата за однесување. Тој има поинакви скрупули, тој ја респектира силата, моќта на власта.