скржав

Придавка

Значење на скржав:

1. Што не троши многу, што штеди многу. Скржав домаќин. Скржав трговец.

2. (прен.) Сиромашен во нешто, скуден. Скржави зимни мугри. Скржав колорит. Скржава вечера. Скржаво сонце. Скржава светлина.

3. (прен.). Умерен, воздржан, што не пројавува многу. Скржав на зборови. Скржава насмевка.

Членувана форма: скржавиот.

Изведени зборови:

  • скржаво, прил. Живееше скржаво. Скржаво се насмеа. Месечината скржаво ја осветлуваше полјанката.
  • скржавост, и. ж.

Оригинални податоци:

скржав, скржавиот прид. 1. Што не троши многу, што штеди многу. Скржав домаќин. Скржав трговец. 2. (прен.) Сиромашен во нешто, скуден. Скржави зимни мугри. Скржав колорит. Скржава вечера. Скржаво сонце. Скржава светлина. 3. (прен.). Умерен, воздржан, што не пројавува многу. Скржав на зборови. Скржава насмевка. ‖ скржаво прил. Живееше скржаво. Скржаво се насмеа. Месечината скржаво ја осветлуваше полјанката. ‖ скржавост ж.