скубе

Глагол, несвршен

Значење на скубе:

1. Вади, истрга од корен, од основата влакно, пердув и сл.; кубе. Таа ги скубе белите влакна од косата на мајка си. Таа си ги скубе веѓите пред огледалото. Влакно по влакно му скубел од брадата. Жената ја скубе закланата кокошка.

2. Потегне за коса, за мустаќи, брада. Внукот многу сакаше да си игра со дедо си: ќе му се качеше на раменици, и ќе му ја скубеше косата.

3. За растение ‒ корне во мали количини. Таа го скубе плевелот од леата со домати. Го скубеше шамакот.

4. (прен.) Безобѕирно користи, финансиски искористува. Тој ги скубеше своите муштерии.

Коњугација: (ќе) скубеа , (ќе) скубев , (ќе) скубел , скубаа , скубав , скубал , скубан , скубат , скубен, скубете , скуби .

Изведени зборови:

  • се ~ скубе, (прен., разг.) Се кара, се тепа со скубење на косите. Девојчињата за една играчка се скубеа цело попладне.
  • скубење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

скубе, скубат, скуби, скубете; скубав, скубаа; скубал; скубан; (ќе) скубев, (ќе) скубеа; (ќе) скубел; скубен несв. 1. Вади, истрга од корен, од основата влакно, пердув и сл.; сп. кубе. Таа ги скубе белите влакна од косата на мајка си. Таа си ги скубе веѓите пред огледалото. Влакно по влакно му скубел од брадата. Жената ја скубе закланата кокошка. 2. Потегне за коса, за мустаќи, брада. Внукот многу сакаше да си игра со дедо си: ќе му се качеше на раменици, и ќе му ја скубеше косата. 3. За растение ‒ корне во мали количини. Таа го скубе плевелот од леата со домати. Го скубеше шамакот. 4. (прен.) Безобѕирно користи, финансиски искористува. Тој ги скубеше своите муштерии. ● се ~ (прен., разг.) Се кара, се тепа со скубење на косите. Девојчињата за една играчка се скубеа цело попладне. ‖ глаг. им. скубење ср.