скубне
Значење на скубне:
1. Извади од корен, истргне; кубне. Бајачката скубна неколку влакна од косата на младата жена. Детето скубна неколку пердуви од опашката на петелот.
2. Потегне за коса, за мустаќи, брада. Тој ја скубна другарка си за косата.
3. За растение ‒ корне во мали количини. Домаќинката отиде во градината и скубна малку магдонос.
4. (прен., разг.) Избега. Цело попладне го држеше мајка му дома, а тој пак ѝ скубна.
Конјугација: (ќе) скубнеа , (ќе) скубнев , (ќе) скубнел, скубнаа , скубнав , скубнал , скубнат , скубнат , скубнете , скубни .
Изведени зборови:
- скубнува, глаг. несв. скубнуваат
- скубнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
скубне, скубнат; скубни, скубнете; скубнав, скубнаа; скубнал; скубнат; (ќе) скубнев, (ќе) скубнеа; (ќе) скубнел св. 1. Извади од корен, истргне; сп. кубне. Бајачката скубна неколку влакна од косата на младата жена. Детето скубна неколку пердуви од опашката на петелот. 2. Потегне за коса, за мустаќи, брада. Тој ја скубна другарка си за косата. 3. За растение ‒ корне во мали количини. Домаќинката отиде во градината и скубна малку магдонос. 4. (прен., разг.) Избега. Цело попладне го држеше мајка му дома, а тој пак ѝ скубна. ‖ скубнува, скубнуваат несв. ‖ глаг. им. скубнување ср.