слаб
Значење на слаб:
1. Што нема доволно физичка сила; што е со опаднати физички сили; бессилен, немоќен, болникав; силен. Децата ми сè уште мали и слаби. По тешката болест, сè уште беше слаб. Слаби мускули. Слабо срце. Слаби нерви.
2. Што е тенок, сув, мршав; дебел. Таа е ситна и слаба, ама здрава. Дебели и слаби. Беше слаб, коска и кожа.
3. Што е лишен од тврдост; упорност, попустлив. Слаба волја. Слаб карактер.
4. Што нема значителни можности и способности за напад или одбрана. Слаба одбрана. Слаба армија. Слаба организација.
5. Што нема голема сила, енергија; што е незначителен по своето дејство, што е незаситен, редок. Слаба машина. Слаба струја. Слаби лекови. Слаба ракија. Слаб раствор. Слаба магла.
6. Што не е голем по сила, по напрегање; што не е интензивен, длабок, јасен; што не трае долго. Слаб ветер. Слаба светлина. Слабо пролетно сонце. Слаб пулс. Слаб удар. Слаби траги. Слабо платно. Слаби материјали.
7. За растителност, за земја ‒ што не расте добро, што не дава добар плод. Слаб расад. Слабо лозје. Слаба земја. Слаба нивичка.
8. Што не е доволен по количество, по квалитет. Слаб дожд. Слаба жетва. Слаба исхрана.
9. Мал, незначителен, недоволен, несолиден. Слаби надежи. Слаба утеха. Слаба корист. Слаба дисциплина. Слаба контрола. Слаби докази.
10. Што не ја знае добро својата работа, што ги исполнува лошо, неквалитетно своите обврски. Слаб ученик. Слаб клас. Слаб колектив. Слабо претпријатие. 1Што е пристрасен, расположен кон нешто, обично во негативна смисла. Слаб е на вино. Слаб е спрема жените.
Членувана форма: слабиот.
Оригинални податоци:
слаб, слабиот прид. 1. Што нема доволно физичка сила; што е со опаднати физички сили; бессилен, немоќен, болникав; спрот. силен. Децата ми сè уште мали и слаби. По тешката болест, сè уште беше слаб. Слаби мускули. Слабо срце. Слаби нерви. 2. Што е тенок, сув, мршав; спрот. дебел. Таа е ситна и слаба, ама здрава. Дебели и слаби. Беше слаб, коска и кожа. 3. Што е лишен од тврдост; упорност, попустлив. Слаба волја. Слаб карактер. 4. Што нема значителни можности и способности за напад или одбрана. Слаба одбрана. Слаба армија. Слаба организација. 5. Што нема голема сила, енергија; што е незначителен по своето дејство, што е незаситен, редок. Слаба машина. Слаба струја. Слаби лекови. Слаба ракија. Слаб раствор. Слаба магла. 6. Што не е голем по сила, по напрегање; што не е интензивен, длабок, јасен; што не трае долго. Слаб ветер. Слаба светлина. Слабо пролетно сонце. Слаб пулс. Слаб удар. Слаби траги. Слабо платно. Слаби материјали. 7. За растителност, за земја ‒ што не расте добро, што не дава добар плод. Слаб расад. Слабо лозје. Слаба земја. Слаба нивичка. 8. Што не е доволен по количество, по квалитет. Слаб дожд. Слаба жетва. Слаба исхрана. 9. Мал, незначителен, недоволен, несолиден. Слаби надежи. Слаба утеха. Слаба корист. Слаба дисциплина. Слаба контрола. Слаби докази. 10. Што не ја знае добро својата работа, што ги исполнува лошо, неквалитетно своите обврски. Слаб ученик. Слаб клас. Слаб колектив. Слабо претпријатие. 11. Што е пристрасен, расположен кон нешто, обично во негативна смисла. Слаб е на вино. Слаб е спрема жените.