слабее

Глагол, несвршен

Значење на слабее:

1. Прави да биде слаб или послаб. Болеста го слабееше детето. Нападите на варварските племиња од север ја слабееле Римската Империја. Војната го слабееше регионот. Економската нестабилност ја слабееше државата.

2. а) Станува слаб или послаб. Од болеста таа слабееше сè повеќе и повеќе. б) Намали интензитет, сила, моќ. Не дува како претпладне, ветерот сè повеќе слабее. в) (прен.) Заборава; нема волја за живот и сл. Ми слабее памтењето. Нему му слабее волјата за живот.

Конјугација: слабеав , слабеаја , слабеал , слабеат , слабеев , слабееја , слабеел , слабеен , слабеј , слабејте , слабеојќи , слебеан.

Изведени зборови:

  • слабеење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

слабее, слабеат; слабеј, слабејте; слабеев, слабееја; слабеел; слабеен; слабеојќи; слабеав, слабеаја; слабеал; слебеан несв. 1. Прави да биде слаб или послаб. Болеста го слабееше детето. Нападите на варварските племиња од север ја слабееле Римската Империја. Војната го слабееше регионот. Економската нестабилност ја слабееше државата. 2. а) Станува слаб или послаб. Од болеста таа слабееше сè повеќе и повеќе. б) Намали интензитет, сила, моќ. Не дува како претпладне, ветерот сè повеќе слабее. в) (прен.) Заборава; нема волја за живот и сл. Ми слабее памтењето. Нему му слабее волјата за живот. ‖ глаг. им. слабеење ср.