слабо
Значење на слабо:
1. Со мала незначителна сила. Огинот слабо гори. Го удри по рамото слабо, колку да го потсети дека е тука.
2. Во слаб степен, недостатно, недоволно. Слабо развиени мускули. Слабо слуша. Некако слабо му оди дуќанот. Слабо се продава. Слабо се јавува од туѓина.
3. За успех, знаење ‒ незадоволувачки. Слабо му оди математика.
4. Во недоволна мера, сиромашно. Слабо облечени, децата се тресеа од студ. Слабо се хранеа таа зима.
5. Лошо, не многу добро. Слабо помина кај сите, не му успеа да ги убеди.
Оригинални податоци:
слабо прил. 1. Со мала незначителна сила. Огинот слабо гори. Го удри по рамото слабо, колку да го потсети дека е тука. 2. Во слаб степен, недостатно, недоволно. Слабо развиени мускули. Слабо слуша. Некако слабо му оди дуќанот. Слабо се продава. Слабо се јавува од туѓина. 3. За успех, знаење ‒ незадоволувачки. Слабо му оди математика. 4. Во недоволна мера, сиромашно. Слабо облечени, децата се тресеа од студ. Слабо се хранеа таа зима. 5. Лошо, не многу добро. Слабо помина кај сите, не му успеа да ги убеди.