слабост

Именка, женски род

Значење на слабост:

1. Состојба на немоќ, телесна и духовна; недостиг на сила, енергија. Почувствува слабост при помислата на утрешната средба. Го обзеде слабост, нозете и рацете му трепереа. Ја совлада слабоста, се прави силен пред другарите.

2. Отсуство на силна волја, малодушност. Пред децата не покажувај слабост.

3. Склоност, симпатија кон некого или кон нешто. Ќерката му беше слабост. Слабост му беше добрата книга. Слабост ми се свилени шамии.

4. Недостаток, грешка, нешто негативно како содржина, како карактеристика на нешто. Извештајот на директорот имаше многу слабости. Рецензентската комисија покрај позитивните елементи на трудот, изнесе и неколку слабости.

Множина: слабости.

Оригинални податоци:

слабост, мн. слабости ж. 1. Состојба на немоќ, телесна и духовна; недостиг на сила, енергија. Почувствува слабост при помислата на утрешната средба. Го обзеде слабост, нозете и рацете му трепереа. Ја совлада слабоста, се прави силен пред другарите. 2. Отсуство на силна волја, малодушност. Пред децата не покажувај слабост. 3. Склоност, симпатија кон некого или кон нешто. Ќерката му беше слабост. Слабост му беше добрата книга. Слабост ми се свилени шамии. 4. Недостаток, грешка, нешто негативно како содржина, како карактеристика на нешто. Извештајот на директорот имаше многу слабости. Рецензентската комисија покрај позитивните елементи на трудот, изнесе и неколку слабости.