слама

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на слама:

Исушени стебленца од разни видови жито што останува по вршењето. Оризова слама. 'Ржена слама. Ги наполни перниците со слама. Врз сламата послаа черга и си легнаа.

Изведени зборови:

  • сламичка, и. ж. (само едн.) дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Работи како вол за слама ‒ работи само за храната што ја јаде, работи за џабе, без добивка. Полни си го грбот со слама ‒ закана со ќотек. Дроби (чука) празна слама ‒ зборува глупости, што ќе му падне на памет.

Оригинални податоци:

слама (само едн.) ж. Исушени стебленца од разни видови жито што останува по вршењето. Оризова слама. 'Ржена слама. Ги наполни перниците со слама. Врз сламата послаа черга и си легнаа. ◊ Работи како вол за слама ‒ работи само за храната што ја јаде, работи за џабе, без добивка. Полни си го грбот со слама ‒ закана со ќотек. Дроби (чука) празна слама ‒ зборува глупости, што ќе му падне на памет. ‖ сламичка (само едн.) ж. дем.