сламка
Значење на сламка:
1. Едно стебленце слама. На капата имаше сламки и пајажина. Се истресе од сламките.
2. Тенка цевка за пиење течности (сок и сл.)
Множина: сламки.
Изведени зборови:
- сламче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Од сламка ќе се препне ‒ несмасен човек. Со сламка да се потпираш ‒ клетва. Давеникот и за сламка се фаќа ‒ тој што е во неволја се обидува да си помогне и со најбезнадежни средства. Сламка не подигнал во животот ‒ ништо не работел. Мечка со сламка не се задева ‒ за сè треба соодветно средство.
Оригинални податоци:
сламка, мн. сламки ж. 1. Едно стебленце слама. На капата имаше сламки и пајажина. Се истресе од сламките. 2. Тенка цевка за пиење течности (сок и сл.) ◊ Од сламка ќе се препне ‒ несмасен човек. Со сламка да се потпираш ‒ клетва. Давеникот и за сламка се фаќа ‒ тој што е во неволја се обидува да си помогне и со најбезнадежни средства. Сламка не подигнал во животот ‒ ништо не работел. Мечка со сламка не се задева ‒ за сè треба соодветно средство. ‖ сламче, мн. сламчиња ср. дем.