славеник
Значење на славеник:
1. Тој што се слави. На нашиот славеник му посакуваме долг живот. За животот и делото на славеникот зборуваа истакнати творци.
2. Тој што прославува нешто. Славеникот ги отвораше подароците со радосни восклици.
Множина: славеници.
Изведени зборови:
- славеничка, и. ж.
Оригинални податоци:
славеник, мн. славеници м. 1. Тој што се слави. На нашиот славеник му посакуваме долг живот. За животот и делото на славеникот зборуваа истакнати творци. 2. Тој што прославува нешто. Славеникот ги отвораше подароците со радосни восклици. ‖ славеничка, мн. славенички ж.