слече
Значење на слече:
1. Соблече облека, дел од облека од себе. Ја слече нечистата облека. Тој го слече палтото.
2. Соблече некого, некому нешто. Мајката го слече детето. Дојдоа две полицајки и ме слекоа до гола кожа.
3. (прен.) Соголи некого, обично во финансиска смисла. Арамиите и лихварите го слекоа до гола кожа.
Конјугација: (ќе) слечеа , (ќе) слечев , (ќе) слечел , слекле , слекоа , слеков , слекол , слечат , слечен, слечете , слечи .
Изведени зборови:
- се ~ слече, Се соблече себеси. Тој за сто денари се слече гол. Тој се слече полека и палтото го обеси на закачалката.
- (се) слечува, глаг. несв. (се) слечуваат -- (се) слекува, (се) слекуваат
- слечување, глаг. им. ср. слечување / слекување
Оригинални податоци:
слече, слечат; слечи, слечете; слеков, слекоа; слекол; слекле; (ќе) слечев, (ќе) слечеа; (ќе) слечел; слечен св. 1. Соблече облека, дел од облека од себе. Ја слече нечистата облека. Тој го слече палтото. 2. Соблече некого, некому нешто. Мајката го слече детето. Дојдоа две полицајки и ме слекоа до гола кожа. 3. (прен.) Соголи некого, обично во финансиска смисла. Арамиите и лихварите го слекоа до гола кожа. ● се ~ Се соблече себеси. Тој за сто денари се слече гол. Тој се слече полека и палтото го обеси на закачалката. ‖ (се) слечува, (се) слечуваат / (се) слекува, (се) слекуваат несв. ‖ глаг. им. слечување / слекување ср.