следбеник

Именка, машки род

Значење на следбеник:

1. Тој што доаѓа по некој друг на некое место, функција и сл. Неговиот следбеник ја продолжи неговата работа.

2. Лице што се придржува до нечии погледи, што следи нечија мисла, идеја, политика, дејност и сл.; приврзаник. Следбениците на неговите идеи.

3. (мат.) Број што доаѓа по некој друг број. Седум е следбеник на бројот шест.

Множина: следбеници.

Изведени зборови:

  • следбеничка, и. ж. Кон зн. 1 и 2.
  • следбенички, прид. следбеничкиот

Оригинални податоци:

следбеник, мн. следбеници м. 1. Тој што доаѓа по некој друг на некое место, функција и сл. Неговиот следбеник ја продолжи неговата работа. 2. Лице што се придржува до нечии погледи, што следи нечија мисла, идеја, политика, дејност и сл.; приврзаник. Следбениците на неговите идеи. 3. (мат.) Број што доаѓа по некој друг број. Седум е следбеник на бројот шест. ‖ следбеничка, мн. следбенички ж. Кон зн. 1 и 2. ‖ следбенички, следбеничкиот прид.