следи
Значење на следи:
1. а) Оди по некого или по нешто. Гостилничарот го следел гостинот до собата. Песот го следел крадецот. Сè до бродот некој постојано ќе ве следи во чекор. б) Оди по трага на човек или животно. Ловџиите ја следеле трагата на волкот додека не го убиле.
2. Посматра, гледа некого или нешто, нечие движење, некаква активност и сл., со поглед, со инструмент. Бебето го следи движењето на мајката. Тој ден го следеше движењето на едно јато риби. Тој го следи кругот што го прави соколот. Секое утро кога доаѓаш јас те следам со поглед.
3. Покажува интерес, грижа, држи под внимание некого или нешто. Тој го следеше осамостојувањето на својот син. Лекарот ја следи болеста веќе една година. Жирито ги следеше остварувањата на домашните актери. Учениците внимателно го следат секој збор на наставникот.
4. Се угледува на некого, на нечии постапки. Примерот на тоа село наскоро ќе го следат и околните села. Во однесувањето со децата тој го следеше својот учител.
5. Поддржува, прифаќа, се поведува по некое учење, правец, стил (во уметност, наука итн). Производителот ги следи најновите дистигнувања во науката. Тие го следеа својот водач со ентузијазам. Поетот го следи примерот на народната песна.
6. Проследува определен период, перцепира некаков настан определено време.
7. следува_1_2 По овој настан следеше изненадување. По завршувањето на основното образование следи средното.
Конјугација: следат.
Изведени зборови:
- следење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
следи, следат несв. 1. а) Оди по некого или по нешто. Гостилничарот го следел гостинот до собата. Песот го следел крадецот. Сè до бродот некој постојано ќе ве следи во чекор. б) Оди по трага на човек или животно. Ловџиите ја следеле трагата на волкот додека не го убиле. 2. Посматра, гледа некого или нешто, нечие движење, некаква активност и сл., со поглед, со инструмент. Бебето го следи движењето на мајката. Тој ден го следеше движењето на едно јато риби. Тој го следи кругот што го прави соколот. Секое утро кога доаѓаш јас те следам со поглед. 3. Покажува интерес, грижа, држи под внимание некого или нешто. Тој го следеше осамостојувањето на својот син. Лекарот ја следи болеста веќе една година. Жирито ги следеше остварувањата на домашните актери. Учениците внимателно го следат секој збор на наставникот. 4. Се угледува на некого, на нечии постапки. Примерот на тоа село наскоро ќе го следат и околните села. Во однесувањето со децата тој го следеше својот учител. 5. Поддржува, прифаќа, се поведува по некое учење, правец, стил (во уметност, наука итн). Производителот ги следи најновите дистигнувања во науката. Тие го следеа својот водач со ентузијазам. Поетот го следи примерот на народната песна. 6. Проследува определен период, перцепира некаков настан определено време. 7. в. следува 1 и 2. По овој настан следеше изненадување. По завршувањето на основното образование следи средното. ‖ глаг. им. следење ср.