следува
Значење на следува:
(обично само во 3 л.)Конјугација: следуваат.
Изведени зборови:
- следување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
следува, следуваат (обично само во 3 л.) несв. 1. Се наоѓа, доаѓа непосредно по нешто. По првиот напад следува вториот. По првиот земјотрес следува вториот, катастрофален. Во истата минута следуваше брз контранапад на домашната екипа. 2. Произлегува од нешто, се јавува како последица. По сето сторено следува казна за тие членови. Од ова би следувало предметот да се изучува една година. Од тоа следува дека ни претстои уште многу работа. 3. Му припаѓа, има право на нешто. Нему му следува такво место по функција. Тие средства нам ни следуваат. На сите во интернатот им следува униформа. Му следува пензија по закон. ‖ глаг. им. следување ср.