слее
Значење на слее:
Соедини во една целост; поврзе неразделно. Својот глас го слеа со хорот. Борбата нè слеа цврсто.Конјугација: (ќе) слеев , (ќе) слееја , (ќе) слеел, слеав , слеаја , слеал , слеан , слеат , слеј , слејте .
Изведени зборови:
- (се) слева, глаг. несв. (се) слеваат
- се ~ слее, 1. Се соедини во едно. Под планината двете реки се слеале една во друга. 2. (прен.) Се поврзе неразделно, се соедини во една целост. Девојката набргу се слеа со толпата. Се слеа народот од сите страни. Ѕвонењето на камбаните се слеа во едно со џагорот на децата.
- слевање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
слее, слеат; слеј, слејте; слеав, слеаја; слеал; слеан; (ќе) слеев, (ќе) слееја; (ќе) слеел св. Соедини во една целост; поврзе неразделно. Својот глас го слеа со хорот. Борбата нè слеа цврсто. ● се ~ 1. Се соедини во едно. Под планината двете реки се слеале една во друга. 2. (прен.) Се поврзе неразделно, се соедини во една целост. Девојката набргу се слеа со толпата. Се слеа народот од сите страни. Ѕвонењето на камбаните се слеа во едно со џагорот на децата. ‖ (се) слева, (се) слеваат несв. ‖ глаг. им. слевање ср.