слеп

Придавка

Значење на слеп:

1. а) Што е лишен од сетилото за вид, што не гледа, што не може да гледа. Слеп роден. Училиште за слепи. Слеп питач. Слепиот гуслар ја извиваше својата тажна мелодија. б) Како им. слепец. Слепиот влезе. Водач на слепи.

2. (прен., пејор.) Што не согледува, не забележува нешто што е очигледно. Слеп е за неговите грешки. Слеп е за некои работи. Освен за твојата фикс идеја, ти си слеп и глув за сè друго.

3. (прен.) Што не е способен, што нема знаење и вештини да ги согледа нештата околу себе. Политички слеп.

4. Што дејствува без да размислува, што дејствува стихијно, импулсивно, што е без разумна основа. Тој е слепо орудие на директорот. Слепа доверба. Покажува слепа послушност. Слепа љубов. Слепа преданост. Слепа верност.

5. Што се изведува без учество на сетилото за вид. Слепо пишување на машина.

6. Што е затворен, што нема излез или отвор. Слепа улица. Слеп прозорец.

7. (прен., разг.) Што е неписмен, неук. Остана слеп при очи. Многу деца останаа слепи во очите без училиште во селото. Не сакам децата да ми останат слепи при две очи.

Членувана форма: слепиот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Пази Боже слеп да прогледа (и нем да прозбори) ‒ кога слабиот, инфериорниот ќе добие шанса, може да биде многу непријатен. Се прави глув и слеп ‒ не сака да знае за некоја работа. И слепо и сакато ‒ сите, и способни и неспособни. Љубовта е слепа ‒ вљубените не ги согледуваат мааните на партнерот. Слеп патник ‒ в. патник. Од слеп (ќор) очи бара ‒ бара нешто од некој што го нема тоа. Се држи како слеп за стап ‒ упорно се држи за нешто. Брзата кучка слепи кучиња раѓа ‒ кој на брзина ги прави работите, може и да погреши. На слепото пиле Господ сам му носи јадење / му прави седало ‒ Господ им помага на тие што не можат сами. Слепо црево ‒ 1. (анат.) почетниот дел од дебелото црево со црволик израсток. 2. (прен.) Што е без изгледи за напредок, безидеен. Слепо око ‒ (анат.) место меѓу веѓата и горниот крај на увото. Слепа баба ‒ Вид детска игра. Слепо куче (дијал.) ‒ в. крт. Слепиот саат ‒ време во кое се одлучува без многу разум, обично за стапување во брак. Слеп јазол ‒ што не може да се одврзе. И од слеп очи ќе извади ‒ премногу настојчив да ја оствари својата цел. Слепа сила ‒ многу енергија што не може да се контролира. Слеп сиромав ‒ многу сиромав. Слепа сиромаштија ‒ многу голема сиромаштија.

Оригинални податоци:

слеп, слепиот прид. 1. а) Што е лишен од сетилото за вид, што не гледа, што не може да гледа. Слеп роден. Училиште за слепи. Слеп питач. Слепиот гуслар ја извиваше својата тажна мелодија. б) Како им. сп. слепец. Слепиот влезе. Водач на слепи. 2. (прен., пејор.) Што не согледува, не забележува нешто што е очигледно. Слеп е за неговите грешки. Слеп е за некои работи. Освен за твојата фикс идеја, ти си слеп и глув за сè друго. 3. (прен.) Што не е способен, што нема знаење и вештини да ги согледа нештата околу себе. Политички слеп. 4. Што дејствува без да размислува, што дејствува стихијно, импулсивно, што е без разумна основа. Тој е слепо орудие на директорот. Слепа доверба. Покажува слепа послушност. Слепа љубов. Слепа преданост. Слепа верност. 5. Што се изведува без учество на сетилото за вид. Слепо пишување на машина. 6. Што е затворен, што нема излез или отвор. Слепа улица. Слеп прозорец. 7. (прен., разг.) Што е неписмен, неук. Остана слеп при очи. Многу деца останаа слепи во очите без училиште во селото. Не сакам децата да ми останат слепи при две очи. ◊ Пази Боже слеп да прогледа (и нем да прозбори) ‒ кога слабиот, инфериорниот ќе добие шанса, може да биде многу непријатен. Се прави глув и слеп ‒ не сака да знае за некоја работа. И слепо и сакато ‒ сите, и способни и неспособни. Љубовта е слепа ‒ вљубените не ги согледуваат мааните на партнерот. Слеп патник ‒ в. патник. Од слеп (ќор) очи бара ‒ бара нешто од некој што го нема тоа. Се држи како слеп за стап ‒ упорно се држи за нешто. Брзата кучка слепи кучиња раѓа ‒ кој на брзина ги прави работите, може и да погреши. На слепото пиле Господ сам му носи јадење / му прави седало ‒ Господ им помага на тие што не можат сами. Слепо црево ‒ 1. (анат.) почетниот дел од дебелото црево со црволик израсток. 2. (прен.) Што е без изгледи за напредок, безидеен. Слепо око ‒ (анат.) место меѓу веѓата и горниот крај на увото. Слепа баба ‒ Вид детска игра. Слепо куче (дијал.) ‒ в. крт. Слепиот саат ‒ време во кое се одлучува без многу разум, обично за стапување во брак. Слеп јазол ‒ што не може да се одврзе. И од слеп очи ќе извади ‒ премногу настојчив да ја оствари својата цел. Слепа сила ‒ многу енергија што не може да се контролира. Слеп сиромав ‒ многу сиромав. Слепа сиромаштија ‒ многу голема сиромаштија.